ВФП АД Скопје, Македонија е дел од меѓународната групација за финансиско советување WVP Group со седиште во Грац, Австрија.

WVP Group е основана 1985 година со идеја за стручно советување на клиентите за финансиски вложувања.

Денеска е присутна во 15 земји на Средна и Источна Европа.

Мисија

Наша мисија е да развиеме партнерство со осигурителните компании и клиентите. Креирање на добар имиџ, развивање на чесна и сигурна компанија, промовирање на брендот WVP Group и имплементација на професионална и динамична работа во насока на подобрување на услугата за клиентите.

Визија

Со одговорно бирање на најдобрата понуда во согласност со потребите на клиентот, наша мисија е да го воодушевиме клиентот со нашата грижа за корисници и долгорочно да го задржиме. Наша визија е промовирање на идејата за брокерство и посредништво со цел да се воспостваи блискост помеѓу клиентот, брокерското друштво и осигурителните компании.

Цел

Наша цел е освојување на македонскиот пазар преку препораки од задоволни клиенти, завземајќи прво место на пазарот помеѓу брокерските друштва и долгорочно задржување на таа позиција. Проширување на наши услуги, добра информација за клиентот и помош при подигнување на нивната лична сигурност.