Што е Унит Линкед?

Унит Линкед е осигурувањето на живот поврзано со вложувања во удели во инвестициски фондови. Во ваквите производи осигуреникот го презема инвестициониот ризик во однос на промена на вредноста на инвестиционите купони или други хартии од вредност на инвестиционите фондови.

Самиот збор унит на македонски јазик се преведува како удел, така што унит линкед би се превело како производ поврзан со удели (најчесто се мисли на удели во инвестициски фондови)

Што е инвестициско портфолио?

Инвестициско портфолио е комбинација од различни видови на финансиски инструменти во сопственост на инвестицискиот фонд. Со други зборови збирот на сите акции и други хартии од вредност од разни компании, банки па дури и држави кој ги поседува инвестициски фонд се нарекува инвестициско портфолио

Што се удели?

Удел е сразмерен пресметковен дел во вкупните нето средства на инвестицискиот фонд. Вредноста на инвестицискиот удел се пресметува така што нето вредноста на фондот се дели со вкупниот број на удели. Кога инвеститорот ќе вложи одредени средства во Фондот, тој всушност купува одреден број на удели.

Тој број на удели се добива кога износот на вложувањето (намалено за надоместокот за купување удели) се подели со вредноста на уделот на денот на уплатата. Како што се менува вредноста на имотот на инвестицискиот фонд така се менува и вредноста на уделот

Колкав дел од уплатената премија се користаи за животно осигурување, а колкав за вложување во удели?

Уплатената премија за животно осигурување се распределува во четри основни категории:

Изготвување на преглед за процентуално распределување на премијата по категории кој би важел за сите договори не е возможно бидејки распределувањето зависи од траењето на полисата, од осигурената сума која ја одбрал клиентот, од возраста на клиентот како и од полот на клиентот. При подолго траење на полисата, оперативните и аквизициските трошоци се повисоки. Кај повозрасните одигуреници трошоците за осигурителниот ризик се повисоки. Повисока осигурена сума во случај на смрт исто така придонесива за поголеми трошоци за осигурителен ризик.

Сите овие варијабли придонесуваат износот на средства кој се вложува во удели во инвестицискиот фонд да се разликува кај секој клиент.

Колку е сигурно дека осигурителната куќа купува на светски берзи?

Осигурителната куќа средствата не ги вложува на светски берзи туку во удели во домашен инвестициски фонд. Истите тие средства потоа фондот ги вложува во хартии од вредност во различни земји, и во различни валути. Најголемите вложувања на фондот се објавуваат на веб страната на инвестицискиот фонд и се јавно достапни.Овие информации се ажурираат на секои 3 месеци. Согласно законската регулатива, Инвестицискиот фонд средствата смее да ги вложи само во хартии од вредност кој се наведени во пропектот одобрен од регулаторното тело. Комисијата за хартии од вредност како тело кое го контролира работењето на Друштвата за управување со инвестициски фондови на дневна основа го прати работењето на фондот со цел да се увери дека фондот работи во согласност со овластувањат кој ги добил и дека вложувањата ги врши во со согласност со проспектот и статутот кој го доставило до комисијата за хартии од вредност.

Дали договорувачот има можност да ја знае вредноста на секоја акција?

Средствата на договорувачот се вложуваат во удели на фондот и договорувачот може на веб страната на Друтвото за управување со инвестициски фондови да ја прати вредноста на уделите. Вредноста на уделите зависи од вредноста на хартиите од вредност (акции и обврзници) во кој фондот ги вложил средствата. Со оглед на тоа што Инвестицискиот фонд на веб страната објавува во кои хартии од вредност се најголемите вложувања, клиентот може да ја побара вредноста на тие акции. Сепак со оглед на тоа што инвестицискиот фонд, со цел да го дисперзира ризикот, вложува во повеќе од 100 различни хартии од вредност, клиентите немаат можност да ја проверат вредноста на сите акции туку само на оние во кој што фондот најмногу вложувал.

Вредноста на уделите според последните цени на хартиите од вредност на светските пазари на дневна основа ја потврдува и Депозитарната банка на инвестицискиот фонд.

По истекот на третата година од осигурувањето, кога клиентот се стекнува со право да изврши откуп на полисата за животно осигурување, осигурителната компанија до секој клиент испраќа известување со бројот на удели на секој клиент, со што клиентот може да ја провери вредноста на своите удели.

Дали при секоја уплата се купуваат различен број на удели?

Да. Клиентот секогаш уплаќа ист износ на премија, но поради поради промена на вредноста на цената на уделите, бројот на удели кој што ќе се купат со секоја уплата е различен.Тенденцијата е вредноста на уделите да расте, така што клиентот иако купува помал број на удели со секоја уплата, вредноста на тие удели е поголема.

Кај еднократната уплата на премија како се распределуваат уплатените средства?

Апроксимативно, кај полисите со еднократна уплата на премија околу 92% од еднократната премија се вложува во удели. Останатиот дел од средствата се користи за покривање на осигурителниот ризик, како и на аквизициските и оперативните трошоци. Oсигурителните трошоци се покривааат на годишно ниво од уделите на клиентот.

Дали постои гаранција дека премијата за целото времетраење на договорот за осигурување ќе се инвестира само во профитабилни акции

Овој вид на производ е наменет за клиенти кој сакаат да превземат малку поголем инвестициски ризик, а за возврат доколку нема неочекувани пореметувања на финансиските пазари можат да очекуваат добро оплодување на својот капитал и поголема исплата на осигурена сума при истекот на осигурувањето.

На ниту еден светски пазар невозможно е да се гарантира дека акцијата која денес е профитабилна ќе биде профитабилна и после 20 години.

Но тука е и предноста на инвестициските фондови. Индивидуалните инвеститори обично вложуваат во 2 до 5 акции, и многу ретко бројот на акции во нивното портфолио е поголем.

Инвестициските фондови вложуваат во стотици акции од различни дејности, во различни земји и во различни валути со што ризикот од вложување значително го намалуваат. Скоро е невозможно, освен при глоблни финансиски кризи кога вредноста на сите светски хартии од вредност опаѓа, вредноста на сите акции кои ги поседува фондот да опаднат.

Доколку некоја земја влезе во криза и хартиите од вредност од таа земја опаѓаат, вредноста на другите акции продолжува да расте со што вредноста на уделите во фондот ќе продолжи да расте. Истиот пример важи и доколку дејде до намалување на вредноста на одредена валута. Дисперзијата на вложувањата на фондот во голем број на глобални профитабилни компании е најголема гаранција дека долгорочно со растот на глоблната економија че растат и вредностите на уделите.

Зошто ако имам заштедено 1.000 ЕУР и тие ми се единствени, да не ги вложам во помалку ризичен инструмент?

Нема причина зошто да не ги вложоте во помалку ризичен инструмент, како што нема причина зошто да не ги вложите во Јунит Линкед производот или во некој друг производ за осигурување на живот.

Инвестирањето се врши во зависност од карактерот на инвститорот и од неговите потреби. Во поголем број случаи првата инвестиција клиентите се одлучуваат да ја направат во понеризичен инструмент (најчесто банкарски депозит), а кај понатамошните инвестиции се спремни да превземат поголем ризик

Инвеститорот треба да се стреми своите инвестиции да ги дисперзира во различни инструменти, со цел од една страна да го намали ризикот одвложувања а од друга страна да го зголеми приносот од своите вложување. Дополнителен бенефит кај производите за осигурување на живот во однос на останатите финансиски инструменти, е што покрај можноста за вложување, вклучуваат и покривање на ризик од смрт или друг осигурителен настан така што клиентот со еден производ добива повеќе услуги.

Кој финансиски производ, или кој производ за животно осигурување е подобар?

Не постои генерален одговор на овие прашања

Дали средствата уплатени во Јунит Линкед производот се реосигуруваат?

Секоја полиса за осигурување на живот каде што осигурената сума го надминува минимално утврдениот износ е дел од реосигурителната програма на осигурителната куќа. Кај сите производи за осигурување на живот, вклучувајки го и Јунит Линкед производот, предмет на реосигурување е осигурената сума која е назначена во полисата. Договорот за реосигурување и овозможува на Осигуритената куќа да гарантира исплата на осигурена сума без оглед на нејзината висина.

Самиот ризик од вложуваањето на средствата за сите производи за осигурување на живот не е предмет на реосигурување, односно предмет на реосигиривање е ризикот од настанување на осигурен настан (смрт, болест, инвалидност ....)