Животно осигурување

Обезбедете финансиска сигурност и подобра иднина за Вас и Вашето семејство

Осигурувањето на живот Ви дава можност да создадете финансиска сигурност, односно Ве насочува како да вложувате и инвестирате во Вашата безбедност, а сето тоа Ве води до поквалитетен живот и иднина за Вас и Вашето семејство. Уникатноста на овој производ се состои во неговата штедна и истовремено осигурителна компонента. Животното осигурување е инвестиција во сигурна економска иднина.

Кои се придобивките од полисата за животно осигурување

Заштеда

По завршување на периодот на осигурување имате сигурна заштеда

Добивка

На крајот од осигурувањето остварете добивка од Вашите вложувања

Сигурност

Осигурајте се во случај на несакан настан и заштитете ги вашите најблиски

Инвестиција

Вашите средства ги инвестирите во удели во светски познати компании

Видови на животно осигурување

Полисата за животно осигурување поврзано со инвестициски фондови му овозможува на корисникот на осигурување загарантирано покритие во случај на загуба на живот и во исто време дава можност да оствари капитална добивка со инвестирање во Инвестициски фондови.

Уникатноста на овој продукт ви гарантира осигурителна заштита, во исто време ви овозможува да инвестирате во најголемите светски компании, а со тоа води до остварување на атрактивен принос со умерен ризик.

Најголемите придобивки на продуктот е тоа што клиентите имаат можност и слобода сами да ги избираат висината на годипната премија како и загарантираната осигурена сума.

Покрај основното осигурување на живот со инвестирање во удели, овој продукт нуди можности за дополнително осигурување од несреќен случај, операции, тешко болни состојби.

Ова осигурување на живот претставува идеална и сигурна комбинација на квалитетно долгорочно штедење и осигурување на живот во случај на непредвидени ситуации.

Во текот на целиот период на осигурување, класичното животно осигурување Ви нуди загарантирана животна заштита и финансиска сигурноста за Вас и Вашето семејство.

Со финансиската сигурноста која што ќе ја добиете имате можност да создадете капитал за Вашите идни цели и планови, но и притоа да го заштитите Вашиот животен стандарт за времето кога приходите ќе Ви се намалат, особено во периодот кога ќе заминете во пензија.

Покрај основното осигурување на живот, овој продукт нуди можности за дополнително осигурување од несреќен случај, операции, тешко болни состојби.

Ризико осигурувањето е посебен вид на осигурување живот кој претставува само осигурување во случај на смрт за времетраењето и нема компонента на штедење, нема исплата на добивка, ниту исплата на осигурената сума во случај на доживување на договореното траење на осигурувањето.

Ризико осигурувањето можете да го поврзете со вашиот кредит во банка со што ќе создадете сигурна отплата на кредитот и притоа да овозможите максимална финансиска иднина на Вашето семејство или имот, во случај на загуба на главниот финансиски извор или во случај на настанување на трајна работна неспособност.

Со продуктите за Детско осигурување на живот имате особена можност на Вашите најмили да им обезбедите безгрижно детство и да им подарите финансиска стабилност во нивниот самостоен живот.

Со однапред изработен план ќе се постигне целта за финансирање на долгорочни финансиски обврски на Вашето дете, како што се високото образование, решавање на стамбената состојба, купување автомобил и слично.

Полисите за Детско осигурување покрај долгорочното штедење и финансиската заштита, овој продукт нуди можности за дополнително осигурување од несреќен случај и тешко болни состојби кај детето

Животот е полн со изненадувања кои некогаш не се толку пријатни и затоа е добро да имаме обезбедена осигурителна поддршка за покривање на трошоците.

Осигурувањето од тешки болести е вид на осигурување кој ги покрива трошоците поврзани со лекување и грижа за корисниците на осигурувањето кои се соочуваат со сериозни медицински состојби како што се рак, кардиоваскуларни заболувања и други тешки болести.

Ова осигурување обично вклучува покривање на медицински трошоци, хируршки процедури и лекување од страна на специјализирани доктори.

Со склучување на полиса за осигурување живот имате можност да склучите дополнително осигурување од операции, кое ќе Ви обезбеди дополнителна гаранција и појако чувство на сигурност.

Осигурувањето од операции Ви обезбедува финансиска заштита во случај на неочекувани хируршки здравствени интервенции.

Овој вид на осигурување покрива различни видови на операции.

Неживотно осигурување

Посредуваме за сите видови неживотно осигурување, меѓу кои:

Автоодговорност

Осигурувањето од автоодговорност е вид на полиса што ја покрива одговорноста на возачот за штетите предизвикани на трети лица во случај на сообраќајна незгода. Ова осигурување е задолжително и обезбедува финансиска заштита на возачот во случај кога има потреба за надоместок на штетите предизвикани од неговото возило.

Зелена Карта

Кога патувате надвор од границите на Република Северна Македонија, потребно е да имате зелена карта. Таа служи за Ваша заштита во случај на сообраќајна незгода во странство, доколку Вие сте причинител. Сите штети предизвикани со Вашето возило на трето лице на територијата на земјата каде што се случила незгодата, во Ваше име ги надоместува друштвото за осигурување.

Осигурување на возила - КАСКО

Осигурувањето на возила - КАСКО (комплетно автомобилско осигурување) е тип на осигурување кое покрива разни видови штети на вашиот автомобил во случај на судир, кршење стакла, пожар, кражба и други непредвидени незгоди, со цел да ги покрие трошоците за поправка или надоместок на губиток.

Полисата за осигурување на Вашиот имот за Вас пред се претставува правилно и самостојно менаџирање на ризиците кои сакате да бидат опфатени во осигурувањето, но и воедно вистинско инвестирање за заштита на својот имот од непредвидени и непожелни штети.

Осигурувањето на имот Ви нуди финансиска заштита од настанати штети на Вашиот имот со осигурително покритие од повеќе ризици, во кое што спаѓаат следните осигурвања:

  • Осигурување од пожар и други природни катастрофи
  • Домакинско осигурување
  • Осигурување на опрема, залихи и инвентар од провална кражба и разбојништво
  • Осигурување на опрема од ризикот кршење машини
  • Осигурување на стакло од кршење
  • Осигурување на компјутери и компјутерска опрема
  • Осигурување на објектите во градба и монтажа
  • Осигурување од земјотрес

Двигаторот и богатството на едно општество се неговите луѓе, а нивната заштита од незгоди е многу важна од причина што понекогаш безгрижниот живот може да биде нарушен со непредвидени несреќни случаи, кои најчесто се придружени со трајни последици и водат до зголемени трошоци, боледувања и слично.

Било што да работите и било каде да се наоѓате , незгодата не можете да ја предвидите ниту да ја спречите, но имате можност да ги ублажите нејзините последици со склучување на полиса за осигурување од незгода со што обезбедувате дополнителна сигурност од последици на несреќен случај-незгода.

Затоа е важно да бидат осигурени ризиците од: траен инвалидитет, привремена неспособност за работа како последица на несреќен случај, трошоци за лекување како последица на несреќен случај, како и смрт како последица на несреќен случај.

Заштитата се однесува на индивидуално (поединечно) како и колективно осигурување на вработени лица, осигурување на деца во градинка, ученици, студенти. На овој начин, осигурениците се осигурени 24/7 од незгоди, без оглед на тоа каде настанале тие.

Патувањата во странство носат убави моменти, незаборавни искуства и спомени. Но, секогаш постои ризик од случување на непредвидени и несакани настани за време на патувањето.

Патничкото осигурување е вид на полиса осигурување што ги покрива ризиците што можат да настанат за време на патување и гаранација за надомест на штета, вклучувајќи ги медицинските трошоци, откажување на патувањето, изгубени багажи и други неочекувани случувања.

Патничкото осигурување има важност насекаде во светот, освен на територијата на Република Македонија и земјата каде осигуреникот има постојан или привремен службен престој.

Осигурувањето на транспорт обезбедува осигурително покритие на пратки без оглед на видот на стоката предвидена за транспорт, на превозното средство и на релацијата.

Со правилен избор и соодветно осигурување, сопственикот кој врши транспорт на стока може да се осигура од многу непријатности и ризици, од оштетување при утовар и истовар и во текот на транспортот, со помош на следните следните осигурителни покритија:

  • Осигурувањето стоки во домашен транспорт - осигурување на сите пратки на стоки кои се превезуваат со туѓи или сопствени средства на ризик на осигуреникот, на територијата на Република Македонија
  • Осигурувањето стоки во меѓународен транспорт – наменето за за сите трговски увозно-извозни компании, покритие на пратките кои патуваат на ризик на осигуреникот, од местото на натовар до местото на растовар.
  • Осигурување од одговорност на превозникот ЦМР - осигуреникот ја осигурува својата одговорност како превозник кон корисниците на превозот за докажана делумна или целосна загуба, оштетување на пратките во домашен и меѓународен превоз, превземени на превоз со товарен лист или договор.

Осигурувањето од одговорност ви нуди безбедност, од причина што Ве ослободува од надомест на штета предизвикана поради невниманителност при вршење на дејноста.

Предмет на осигурување од општа одговорност е законската одговорност на осигуреникот за штета настаната со смрт, повреда на телото или здравјето како и оштетување или уништување на ствари на трето лице.

Со ова осигурување се покрива одговорноста за штета која настанала од работењето и активностите на осигуреникот и/или од поседување ствари и/или од правен однос и/или од одредено својство како извор на опасност.

Приватно здравствено осигурување

Приватно здравствено осигурување ви овозможува покритие при:

Хируршки интервенции

Специјалистички прегледи

Стоматолошки услуги

Офталнолошки услуги

Осигурување од малигни болести

Болничко лекување

Осигурување од операции

Лекови на розев рецепт